Пријавиле дека има бомба во бар во Скопје

1118

Лажна пријава за бомба во бар на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ синоќа била пријавена во полициската станица во Центар.

Од МВР денеска информираа дека непознато машко лице се јавило 55 минути по полноќ во полициската станица и пријавило дека има поставено бомба во бар која ќе експлодира за половина час.

На местото на настанот излегле полициски службеници и извршена е евакуација на лицата кои биле во околните објекти.

При извршените проверки утврдено е дека се работи за лажна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...