Општина Карпош започнува со санација на оштетените улици на својата територија, на кои се детектирани т.н „ударни дупки“.
Во изминатиот период, комуналните служби на локалната самоуправа, евидентираа повеќе точки на чии локации постојат видливи оштетувања на инфраструктирата кои веднаш ќе бидат асфалтирани.
„Оваа иницијатива, Општината ја презема со цел да се овозможи безбедно движење на граѓаните, велосипедите и моторните возила. Поради поголема успешност на оваа акција, ги повикуваме и граѓаните уредно (со наведување на точната локација и број на улицата), да пријават ударни дупки на територија на Карпош“, се вели во известувањето од општината.
Граѓаните може да пријавуваат на e-mail адресата: kontakt@karpos.gov.mk , како и на социјалните мрежи на Општина Карпош, и тоа на:
Facebook: https://www.facebook.com/OpstinaKarpos/
Twitter: @OpstinaKarpos
Instagram: @opstinakarpos
Во претстојниот период, ќе се реконструираат и повеќе улици на територија на Општина Карпош кои моментално се во руинирана состојба.