Програмата за поддршка на мали микро и средни претпријатија е масовна отворена програма со која ќе бидат опфатени десетици илјади компании во земјата.
До крајот на месецов ќе биде објавен првиот повик за финансирање иновативни проекти, објави директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски на денешната заедничка прес-конференција со вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши.
На прес-конференцијата беа презентирани мерките за поддршка на малите микро и средни компании.
-Вредноста на првиот повик е 185 милиони денари, а до крајот на годината ќе бидат објавени уште два повика. Вкупно годинава за таа намена се планирани 645 милиони денари – рече Деспотовски.
Повиците ќе траат 45 дена и претпроставуваат дека претпријатијата ќе предложат иновативни програми.
Условите се девинирани според одредени критериуми.Се подготвуваат и критериуми.
Тој ја презентираше Програмата на фондот за иновации и технолошки развој за поддршка на мали микро и средни претпријатија за периодот 2018- 2020 година. Проргамата е дел од Планот за економски раст.
-Предвидени се пет мерки.Првата е поддршка на микро мали и средни компаниите со тендеција на брз пораст со 30 отсто од инвестициските проекти, не повеќе од 10 милиони денари. Вторат посебна финансиска поддршка во износ до 5.000 денари за организациско подобрување , систем на менаџмент. Поддршка за подобрување на иновативноста до 70 проценти но не повисока од 20 милиони денари. Четвртата мерка е за поддршка за стручно оспособување и вработување на млади до 30 отсто или еден милион денари. И петата мерка е создавање на амбиент и изработка на услови за ризичен капитал во износ од 25 отсто или 30 милиони денари. За оваа мерка ќе се обезбедат 450 милиони денари – рече Деспотовски.
Вицепремиерот Кочо Анѓушев рече дека Програмата за поддршка на мали микро и средни компании е масовна отворена програма со која ќе бидат опфатени десетици илјади компании во земјата.
-Таа е одговор на сите зборувања дека Владата нема да ги помогне малите микро и средни претпријатија- рече Анѓушев.
Анѓушев појасни дека ќе бидат поддржани брзорастечи и иновативни микро малите и средни претпријатија.
– Во третиот столб во кој е предвидена поддршката на мали микро и средни претприајтија се предвидени 30 отсто поврат пари за купување на машини и градење на хали.Секое претпријатие кое сака да развие нов производ ќе добие поврат 70 отсто одтрошоците, а Владата ќе влезе со 25 отсто во сопственоста на компаниите кои се иновативни. Ќе биде формиран еквити фонд во кој државата ќе вложи пари со кои ќе влезе со 25 отсто во сопственоста на претпријатијата – рече Анѓушев.
Тој појасни дека државата ќе подготви критериуми за реализирање на мерката со влез во сопственоста од 25 отсто по пример Израел кој разви систем на поддршка на стартапи најпознати во светот.
-На пример, ако бизнисмен понуди иновативен проект и во него вложи 100 илјади евра капитал, джавата ќе влезе со 25.000 евра и рече Анѓушев.
Вицепремиерот посочи и дека малите микро и средни претпријатија ќе можат да конкурираат и за мерките на Владата предвидени за поддршка на домашните и странските инвестиори, осносно во двата столба на економскиот раст, а како посебни мерки со кои ќе се помогнат овие претпријатија ги издвои оние на Министерствоот за економија.
– Оваа Влада има предвидено за 46 отсто повеќе пари од било кога порано за поддршка на економијата, и покажува голема посветеност кон економијата.
Министерот Бектеши рече дека преку Министерството за економија се подготвени 13 мерки со кои ќ бидат помогнати претпријатијата.
-За занаетчиство ќе бидат распределени 3,4 милиони денари, за микро претприамачи 2 милиони денари, за воведување систем за квалитет 800 милиони денари,за воведување ХАЛАЛ систем 2,2 милиони денари, за поддршка на мали и средни претприја 2 милиони денари…- рече Бектеши.
Тој информира дека Владата на наредната седница ќе го разгледа Предлог-законот за финансиска поддршка на инвестициите и очекува собраието да го донесе што побрзо за да може да се имплементира.
– Ги повикувам сите пратеници да го поддржат овој закон за да може што поскоро компаниите да го користат и на најтранспарентен начин да им овозможиме да имаат предвид што можат да добијат за да ги зголемуваат своите капацитети, но и за да донесеме нови инвестиции – рече Бектеши.