Преку блок трансакција продадени 298.003 акции на Комерцијална банка

Купувачи на продадените акции се Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт Импорт, Гранит АД Скопје, ИГМ-Трејд Илија ДОО и Индустри Сервис ДОО Скопје

492
20150911 Friday 1035 komercijalna banka

На берза денеска во блок трансакција се истргувани 298.003 акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје по цена од 3.750 денари по акција, во вкупна вредност од 1.117.511.250 денари, соопшти денеска Банката.

„Досегашниот акционер со квалификувано учество East Capital Explorer Investments AB и неговото поврзано лице Salink Limited изврши продажба на сите акции што ги поседуваше во Банката, односно 298.003 акции што претставува 13,076 отсто учество во вкупниот број на акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје“, се наведува во соопштението.

Купувачи на продадените акции се Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт Импорт, Гранит АД Скопје, ИГМ-Трејд Илија ДОО и Индустри Сервис ДОО Скопје

Секое од правните лица поединечно не го надминува прагот од пет отсто акционерско учество во вкупниот капитал на Банката.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...