Правда чека министер, преговорите за реконструкција се во тек

464

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски вели дека не може да се каже специфични датуми кога би можел да се назначи нов министер за правда, ниту пак, дали овој ресор ќе биде дел од преговорите за реконструкцијата и проширувањето.

– Можам да кажам дека разговорите за проширувањето на владината коалиција се во тек – рече Бошњаковски.

Откако пролетната реконструкција и проширувањето го најави и самиот премиер Зоран Заев, во јавноста се лицитираше со повеќе имиња и ресори кои ќе бидат зафатени со бранот на „освежување“. Она што официјално беше изјавувано е дека се преговара со сите партии во парламентот, освен со ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, министерството за правда е без прв човек околу две недели, откако на 20 март Билен Саљији си понесе оставка поради, како што рече, разнишаната доверба во правосудството по преквалификацијата на делото во случајот со малиот Алмир од Куманово од убиство во сообраќајна несреќа со смртни последици.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...