Пратеничка и градоначалник од СДСМ се повредените во сообраќајката кај Удово

122

Сообраќајката се случила кога возилото удрило во одрон и се превртело, повредената е пренесена во Скопје, а другото лице во болницата во Кавадарци.

Пратеничката на СДСМ од Мери Лазарова (33) и валандовскиот градоначалник Перо Костадинов (30) се повредените во сообраќајката што се случи синоќа на автопатот Демир Капија-Неготино, говорат неофицијални информации.

Лазарова, како што информиравме вчера, е потешко повредена и била пренесена на скопските клиники, додека Костадинов поминал со полесни повреди и бил пренесен во болницата во Кавадарци.

„Сообраќајката се случила околу 18.30 часот кога возилото Опел корса со гевгелиски регистерски таблици, управувано од М.Л. (33) удрило во одрон и се превртело“, информираа синоќа од МВР.

Според неофицијални информации, повредената е во стабилна состојба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...