Во викенд куќа сопственост на П.Р. во прилепското село Прилепец, на патот кон Градско, синоќа околу 22:30 часот било пријавено дека избувнал пожар.
Некои медиумите објавија дека станува збор за викендица на претседателот на прилепскиот општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, која, според нив, м била запалена.
Екипа од Територијална противпожарна единица го локализирале пожарот ноќеска, триесет минути по полноќ.
Во пожарот нема повредени лица. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Фото:Маркукуле