Petrit Amon Mra Saracini, друже, ако денес беше на протестите на новинарите заради причините кои ги наведуваш во твојот ФБ статус, ќе беше сосема во ред, ако не беше тоа што си.
Ако не беше дел од владата, влада од која сите очекуваме прва да реагира на ваквите појави, прва да превзема мерки за нивно сузбивање, прва да спроведува истраги, и соодветно прва, преку МВР, да поднесува кривични пријави против лицата кои апла ја нарушуваат демократската атмосфера и појавата на животот кој го донесе владата во која, ете, и ти си зрнце песок од најавената и долгоочекувана правда за сите па и за новинарите.
Очекував, и од тебе и од останатите твои колеги во владата, да им се извините на новинарите и на целата јавност, на колегите иницијатори на овој протест, со порака дека ова во иднина оваа влада со вас во неа, нема да го дозволи, и, дека веднаш ќе превземат соодветни чекори кои им се на располагање од внатре, да ги санкционираат ваквите појави, а не да ги чекаат реакциите на колегите новинари од надвор. И уште нешто очекував, друже Петрит. Не само од тебе туку од сите учесници на овој протест, а тоа е следново…:
Илјадници граѓани секојдневно се под директни закани со кои им се загрозуваат основните права на живот. Илјадници граѓани се под деноноќна закана од луѓе лихвари и рекетари, од извршители и од државни испорачатели на струја, вода, топлина, телевизија и интернет, а сите, а вие новинарите совршено добро ги познавате овие состојби, како и состојбите на уценуваните граѓани, кои, не по нивна вина, туку по вина на сите погрешни политики, се’ уште чмаат со години без работа, без шанса за истата, без искра надеж дека и за нив некој покажува интерес, грижа, дека не ги заборавил иако многумина од нив веќе самите се имаат ставено на буништата на заборавот. Меѓу нив има инжењери, доктори, занаетчии, има секакви, и замисли, друже Петрит, луѓе се, бе, еј. Ама не се новинари…
Тие имаат само една вина друже Петрит, вели вака: Не се виновни што останале без работа, без каква било шанса за најскромна заработувачка за да можат да си ги подмируваат редовните обврски, демек кој им е виновен што не се снашле, а доволно се стари за никој да не им обрнува внимание и премлади за пензија. Друже Петрит, во твоите очи, не смееш да ги гледаш разликите од оние кои си ги гледал претходно, а во твоите пораки од оваа позиција, не смее да има разлика помеѓу загрозувањето на новинарите и на оние обичните луѓе. Ти си новинар по вокација, ама си дел од владата. И човек, пред се’…
Поздрав друже Петрит Сарачини…