Повторно отворен оган во средно училиште во САД

149

Во средно училиште во градот Анаполис, во американската сојузна држава Мериленд, отворен е оган, при што повеќе лица се повредени.

Локалниот шериф на Твитер објави за инцидентот во средното училиште „Грејт Милс“ и ги замоли родителите да не доаѓаат до училиштето.

Училиштето се наоѓа на 70 километри од Вашингтон.

Инцидентот се случи за помалку од еден месец откако во вооружен напад во средно училиште во Флорида загинаа 17 лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...