Повреден супервизор во ТАВ

589

Во 13,52 часот вчера од Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ пријавено е дека кај нив бил донесен повреден Ј.Н.(57) од Скопје вработен како супервизор во одделение за прифаќање и испраќање на воздухоплови во ТАВ.

Повредениот појаснил дека истиот ден околу 13 часот, додека ги вршел работните задачи, симнувајќи се од елеватор, се лизнал и паднал од висина од 1,5 метри, при што се здобил со тешки телесни повреди (напукнатини на ребра).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...