Повеќе од една петина навивачи во Примера се жени

94

На денот на жената 8 Март, шпанскиот весник „АС“ излезе со статистика дека околу 22 отсто од навивачите во Ла Лига се од понежниот пол.

Најмногу навивачки на трибините оваа сезона изразени процентуално има Хетафе – 33,8 отсто, односно 4.150 од вкупно 12.300 фанови.

По женско присуство на натпреварите на второто место е Валенсија со 29 проценти, а трета е  Барселона со 26 отсто.

Актуелниот шпански и европскиот шампион Реал Мадрид може да се пофали со 20,2 % дами на „Сантијаго Бернабеу“ или 18.528 од 91.671 навивачи.

На дното по присуство на жени на своите натпревари е Малага со само 10 отсто од вкупниот број поддржувачи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...