Повеќе од 70 жени го впериле прстот во Вајнстин

Компанијата информираше дека прогласува банкрот и дека постигнала договор со инвестициската компанија Лантерн Капитал да го преземе нејзиниот активен имот.

267

Од октомври досега над 70 жени го обвиниле холивудскиот продуцент Харви Вајнстин за вознемирување или сексуален напад.

– Од октомври, се појавија информации дека Харви Вајнстин им нудел договори за молчење во замена за пари на оние кои го обвинуваат. Сите овие договори се раскинати од овој момент – соопшти компанијата Вајнстин, која пред неколку месеци го отпушти својот основач.

Компанијата информираше дека прогласува банкрот и дека постигнала договор со инвестициската компанија Лантерн Капитал да го преземе нејзиниот активен имот.

Меѓу актерките кои го обвинуваат Вајнстин се и Ума Турман, Лупита Њонго, Леа Сиду и Лена Хеди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...