Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) во соработка со скопската полиција денеска започна акција за отстранување на сите непрописно паркирани возила на територијата на општината.
Акцијата започна со отстранување на возила во Дебар Маало и во реонот кај Градски парк, а во наредниот период, како што најавуваат ќе продолжи и низ сите населби во Центар.
„Оваа акција се спроведува со цел да се подигне сообраќајната свест и култура на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. ЈП ПОЦ апелира до жителите на Општина Центар и до сите граѓани на кои ќе ја посетат општината да не ги паркираат своите возила на коловози, тротоари, зелени површини, пешачки патеки и други слични површини кои не се одбележани за паркинг“, апелираат од ПОЦ.
Во акцијата се вклучени и ЈП Градски паркинг и комуналните инспектори на Општина Центар.