Ете, на крајот им текна дека не се повеќе на власт. Им текна и се шокираа: „па ние не сме повеќе на власт“! Да, бре, не сте. „Добро знаеме дека повеќе не сме на власт, ама, замислете, ние не сме повеќе на власт“. Добро, бре, чувме: не сте повеќе на власт. „Ама како може тоа да не сме повеќе на власт“… Џабе со вемереовци муабет.
Со нив владее пострауматскиот стрес, кога не можат да ја внесат таа порака во вемереовскиот супер компјутер, поврзан со системите за прислушкување, со лустраторите, со специјални телефонски врски, „кои не можат да се следат“ (не било така, нели?), со тајни полиции и супертајни одајчиња во нив, за дечковци со фантомки, со судии – накитени со кристали, со црни тефтерчиња…
Е, кога не се повеќе на власт, кога потпотрошија од калапените париња од буџетчињата на општините и буџетиштето на државата, кога видоа дека „животот“ не дава, како до лани: Проблем. Ако не се сменети, ако сеуште владеат од портирниците до владините тела, ако Заев дозволи тие повторно да се поврзат со криминалните структури, кои проперуваа – до вчера, „приносите“ им се смалија. Нема за сите. И да има, нема толку многу. И? Сѐ знае: Шири хистерија, кукај, обвинувај, грижи сѐ за државата“ и кутриот Македонски народ, оти овие од есдеес да ти биле апла неспособни да сфатат дека вемерето не може да работи за државата, туку само за вемерето, односно за лидерот и за себе, а кој е лидер во вемерето, е многу дискутабилна работа.
И?
Просто. Вемерето ги доживува последните фази на пострауматскиот стрес. Сега, после цела година, тие сфатија дека не се на власт. Сега им останува да сфатат дека Груевски веќе не е лидер на партијата, барем формално, дека немаат судија во џепчето да досуди во нивна полза, за било каква свинштина, дека нема лустратори, да им ги тргнат од патот на криминалот тие ружи и Трендафили и не е тука бате Сашко, да им испрати кршни момци со вучјаци, да им збифтаат во фаците на дечињата.
Животот дојде и тоа може да се види од состојбата на џебот на бандите криминалци од вемерето. Нема повеќе два милиони за партиски памфлети – наречени весници? Е нема. Нема ниту за „шарените писанија“, освен за ретките, кои успешно сѐ продадоа. Нема за никого. Нема повеќе закани за инспекторите, ако влезат во вемереовски локал.
Безредие има! Новопримени партиски морони, кои и есдеес и вемерето сѝ ги нарекува „свои“, има. Неснаоѓање – колку сакаш. Смешни перформанси на квази-новинарската камарила, на претек. Но, тазе париња, за бајати платеници: Нема, освен ако сѝ ги плати вемерето, од своето џепче, видно бројноста на партиските морончишта на протестите.
На истрауматизираните дечки и девојки, кои убаво „се снајдуваа“ им останува периодот на приспособување, во кој можат да работат „позадински“, ама про боно: „За ова ли гласавме“ (како тие вемереовците да гласале за есдеес); „каде е животот што го ветуваа“ (за нив е „живот“ тие да живеат, а сите други да умираат); „Ништо не е менето“ (нека го прашаат Груевски, дали е); „Сјавај Мурто да се качи Курто“ (сјава Мурто, ама уште не е осуден)…. Така до сто едно и назад.
Ним ниту им сѐ чудам, оти сѝ одработуваат за партијата на Мицковски и за „партијата“ – попозната како мафија. Им се чудам на есдеесовците, кои „многу го накривија“ од партиска борба, па, сега очекуваат директорско место и наместо да разберат дека треба да работат на позитивна селекција и борци, кои треба да ги тераат реформите, се фатиле баре – бар со вемереовците да сѐ грижат за Законот за јазиците. „Заев е слаб – удри“!
Безброј пати е објаснета ситуацијата со Албанскиот јазик и тоа филигрански објаснета. Те дека Рамковниот договор вемерето го потпиша, заедно со есдеес и го унапреди со безброј „отстапки“ кон ДУИ, дека Законот за јазиците е од 2008 година, а не од сега, дека безброј пати вемерето му нафрлаше топки на ДУИ, дека сѐ согласи на секоја точка од Законот, при преговорите во јануари – лани. Што фајде. Стресот дрма, а паниката дека ќе мора да го откажат планираното крстарење, ги изнесе (ретките од нив) на улица, да извикуваат „смрт на Шиптарите“, „издајници“ и „да живее вемерето“. Кое од нив?
Изгледа дека пострауматскиот стрес не го фатило само вемерето, туку цела Македонија. Не може просечна глава да сѐ навикне на институции, на нивната работа (добра – лоша, тоа е, ние немаме други институции, па ниту судски), на нивните успеси и промашувања, како што е редот во целиот свет. Како Заев да имаше некои „други Македонци“, башка од овие, кои ги гледаме секојдневно. Како Заев да всели Швеѓани или Холанѓани, да нѝ ја направат администрацијата беспрекорна.
Не пред домовите на пратениците, излегувајте од пострауматскиот стрес, зашлакајте сѐ со ладна вода и сфатете: времето на дивјаштво помина, или е сосема на крајот, а за Македонија ќе се грижат институциите, а не тие психијатриски случаи, кои никако да излезат од стресот на промената и од идејата дека со еден свртен телефон можат да прават што сакаат.
Ете тука е прашањето. За тоа демонстрирајте, па да демонстрираме заедно. Прашајте што прави врхушката на есдеес со институциите и со реформите, оти од ДУИ не очекувам да ја направи Македонија демократска земја, во која владее правото и институциите. Се сеќаваме ние дека имаше и вемере и албанско вемере наречено ДУИ.
Ајде бре, заедно да појдеме на демонстрации за вистинска цел, за Македонија, а не заради борба во корист на ова „второто вемере“, кое деновиве многу се дружи со институциите на власта, а некои и ги приведуваат.