Поставен новиот натпис на скопскиот аеродром

Буквите од старото име на аеродромот беа симнати на 24 февруари, а при крајот на март на преименуваниот аеродром во Скопје по 12 години слета грчки авион во кој беше грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас.

804

На скопскиот аеродром е поставен натписот со новото име Меѓународен аеродром – Скопје. Буквите се со ист фонт како и поранешниот натпис на аеродромот кој до скоро се викаше „Александар Велики“.

Владата го преминува скопскиот аеродром од „Александар Велики“ во Меѓународен аеродром – Скопје во знак на добра волја во односите со Грција. Буквите од старото име на аеродромот беа симнати на 24 февруари, а при крајот на март на преименуваниот аеродром во Скопје по 12 години слета грчки авион во кој беше грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...