Поранешен судија од Арканзас осуден на 5 години затвор поради злоупотреба на службената должност

132

Поранешен судија од Арканзас, без разлика на возраста, осуден е на казна затвор од 5 години поради барање на сексуални противуслуги во замена за поблаги казни.

Федерален судија го осуди поранешниот судија од Арканзас на пет години затвор – построга казна и од таа што ја бараа обвинителите – откако тој призна дека им досудувал на млади машки обвинети поблаги казни во замена за лична корист што вклучувала и сексуални услуги.

Адвокатот на судијата Џозеф Бекман бараше домашен притвор за 72-годишникот, а обвинителите побараа казна затвор во траење повеќе од три години. По сослушувањето на две жртви на поранешниот судија, американската окружна судијка Кристин Бејкер рече дека нема друг избор освен да му досуди уште поголема казна, пишува Кели П. Кисел за Сан Франциско гејт.

– Тој бил корумпиран додека ја вршел должноста судија. Кога се нашол притеснет до ѕид, ја попречил правдата – рече Бејкер. „Тоа го прави неговото злосторство поголемо“.

Обвинителите рекоа дека несоодветното однесување на Џозеф Бекман потекнува уште од 1990-тите, кога бил под истрага додека бил заменик-обвинител на Cross County. Федералните обвинители одлучиле да не покренуваат обвинение откако тој се согласил да се откаже од својата функција во 1998 година.

Ричард Милиман од Мемфис, Тенеси, еден од жртвите на Бекман, бил запрен за возење 5 км над дозволената брзина пред четири години, но потоа заборавил на датумот на судењето. Судијата го повикал Милиман во неговата куќа и го фотографирал одзади како собира конзерви како општествено корисна работа, а потоа му ги фотографирал и некои од тетоважите.

Милиман, кој тогаш имал 23 години, пред судот изјави дека одбил да позира во поза на Давид, иако му било понудено 300 долари за да го имитира делото на Микеланџело.

– Никогаш не сум се чувствувал поизневерен од правниот систем – изјави Милиман пред судијката Бејкер, молејќи ја да иџрече подолга казна од 30 до 37-месеци колку што би требало да биде висината на казната според Федералните смерници за унифицирано изрекување казни. „Како може општеството да го казни само со 37 месеци?“.

Џозеф Бекман седеше со стиснати усни на масата на одбраната.

Обвинителите рекоа дека бројот на жртвите можеби се десетици или стотици. Вообичаено, поранешниот судија на окружниот суд ги отфрлал сообраќајните казни и прекршоци во замена за „служење на заедницата“, што во некои случаи подразбирало некои млади мажи да прифатат фотографирање во компромитирачки позиции, а во други сексуално поврзани барања.

Втората жртва, Кајл Батлер рече дека тој исто така бил принуден да позира за фотографии и дека бил уценуван со животот ако не ги отповика информациите што ги дал на државните истражители.

Во писмо напишано пред сослушувањето во средата – чиј дел беше прочитан пред судот – Батлер изјавил дека откако Бекман му помогнал по сообраќајна несреќа, судијата барал од него рутински да го исчисти лаптоп компјутерот кој бил забавен од преголемиот број забранети слики и видеа.

– Морав да сторам како што ми рече, тој ги држеше сите клучеви за мојата слобода – рече Батлер.

Адвокатот на Бекман не се согласи судијката да ги разгледа истрагите што се воделе во 1990-тите, велејќи дека сеќавањето на поранешниот судија е такво што не може да ги побие наводите. Бејкер рече дека таа утврдила несоодветно однесување, бидејќи секретарката на Мекман рекла на агентите на ФБИ дека таа нашла фотографии на голи млади мажи во неговата канцеларија.

Поранешниот судија се обрати кратко на судијката и со глас што едвај се слушаше рече дека се обидел да се убеди дека не прави ништо лошо. Подоцна додаде: „Имав време да размислувам“.

Бекман ќе се соочеше со 260 години зад решетки, ако беше осуден според обвинението со 21 точки. Тој минатата година се изјасни за виновен за измама преку пошта и мамење на сведоци.

Кога Бекман ја напуштил работата како заменик обвинител во 1990-тите години, ја задржал својата правна лиценца – што му овозможувало да се кандидира за функцијата повторно. По неодамнешното истражување на меговото однесување, по што следуваа преговори за негова оставка, шефот на Комисијата за судска дисциплина и неспособност во Арканзас, побара судијата да се согласи никогаш повторно да не побара изборна функција.

Сведокот Милиман рече дека е срамно тоа што Бекман имал и друга можност да плени повеќе млади мажи, кои не би сакале да го пријават.

– Како би требало да се зборува за човек кој те повредува? – рече сведокот Милиман, кој повлекол црвена линија за тоа колку Бекман може да го фотографира при нивната единствена средба вон судницата. „Зошто не беше сопрен долго пред тоа?“.

Милиман и Батлер беа идентификувани со псевдоними во судските документи, но и двајцата во средата рекоа дека сакаат отворено да зборуваат за злосторствата на судијата.

Подготви: А.Ј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...