Министрите на коалицискиот партнер треба да се прилагодат на нов и демократски концепт на владеење, рече Робер Поповски, министерот без ресор задолжен за комуникации. Пораката Поповски ја прати како одговор на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, кој ги обвините министрите на ДУИ дека се уште се однесуваат како во време на ВМРО-ДПМНЕ.
Селмани на денешната јавна расправа за размена на идеи и мислења за актуелните владини политики,рече дека министрите на ДУИ се однесувале нетранспарентно кон новинарите што известуваат критички. Претседателот на ЗНМ и забележа на Владата дека е премногу чувствителна на јавна критика.
-Ако говориме за отворена Владата тоа треба да важи за сите. Претходната влада функционирала во два света – една влада официјално, две влади неофицијално. Сега министрите и функционерите на ДУИ полека треба да се прилагодат на ова што значи концепт на владеење и демократизирање на општетеството. Тие се активен партиципиент, но недозволиво е да бојкотираат медиуми, и не само од таа туку од сите партии – изјави министерот Поповски.