Поплавен дел од Мала Речица

137

По поплавувањето на голем дел на селата во општина Јегуновце денеска поплавен е и дел од Мала Речица.

Надојдената вода од вчерашните дождови го поплави горниот дел на Мала Речица по што беше оштетен патот во селото, а поплавена е и улицата „172“ и затнати се сите канали за атмосферска канализација во ово место.

Селаните тврдат дека општината нема интервенирано ништо од пред три години и бараат брза реакција бидејќи топењето на снегот ги става во ризик нивните куќи.

Надојдената вода оштети и голем дел од нивите кои по повлекувањето на водата останаа со кал и камења.

Од друга страна, Исен Демири од општина Тетово за МИА изјави дека она што можеле да го направат како општина е да го регулираат каналот за секојдневни води и оти немаат капацитет сами да се справат со поплавите.

– За целосно регулирање на проблемот со водите од поплавите постои Акционен план од страна на Владата и жителите ќе мораат да чекаат за реализација на тој план. Општината нема капацитет да се справи сама со поплавите – изјави Демири.

Дождот предизвика и лизгање на земјиштето на патот Тетово – Бања во делот на Горна Чаршија поради што на поголемиот дел од патот сообраќајот се одвива по една лента.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...