Положено цвеќе пред спомениците на депортираните Евреи и борците од НОБ во Бутел

Комеморативната програма ќе продолжи вечер во Македонската филхармонија и утре со симболичен Марш на живите и положување цвеќе на споменикот на 7144-те македонски Евреи во кругот на Империал Тобако ТКС.

226

Владина делегација предводена од министерката задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска денеска положи цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи и пред споменикот на паднатите борци во Народноослободителната борба на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Во владината делегација беа и замениците министри за информатичко општество и администрација и за локална самоуправа, Александар Бајдевски и Дејан Павлески.

По повод 75-годишнината од холокаустот на 7 144 македонски Евреи во Втората светска војна, делегации на Владата и на Собранието денеска присуствуваваа и на комеморативните настани во Битола и Штип.

Комеморативната програма ќе продолжи вечер во Македонската филхармонија и утре со симболичен Марш на живите и положување цвеќе на споменикот на 7144-те македонски Евреи во кругот на Империал Тобако ТКС (поранешен Монопол), местото од каде што во март 1943 година биле депортирани кон логорот на смртта Треблинка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...