Полицијата пронајде детска порнографија кај битолчанец

388

Маж на возраст од 49 години доби кривична пријава поради сомнение за производство и дистрибуција на детска порнографија.

Како што информираше полицијата, на 14 февруари по наредба од судија за претходна постапка бил извршен претрес во домот на пријавениот при што бил пронајден и одземен компакт диск со детска порнографија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...