Во чест на Меѓународниот ден на жената, сообраќајци во Белград денеска запирале жени, но место казна им подарувале по еден цвет, јави Радио Б92.
– Секоја чест на нашата полиција и благодарност до момците кои се грижат за нашата безбедност – изјави една од возачките.
Министерството за внатрешни работи на Србија информираше дека целта на денешната акција била да им оддадат почит на жените и да ја приближат работата на полицијата до граѓаните.