Пoлицајката Јасмина Јаначковска која му повика пајак на Беќир Асани од ДУИ, дојде во јавното обвинителство.
Прво, се задржа десетина минути, а веднаш штом излезе од зградата на обвинителство со трчање се упати по Мостот на уметноста, најверојатно за да ги одбегне новинарските екипи. По дваесетина минути таа повторно се врати во обвинителството.
Од обвинителството потврдуваат дека е повикана за исказ, но нема потврда дека добила покана за денеска.
По инцидентот со Асани, таа се сретна со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и изјави дека функционерот на ДУИ ја нападнал само вербално, а не и физички. Рече дека самата се повредила кога при повлекување се удрила од пајак возилото.
Во јавноста е се поголем притисокот да се објават видео снимки од настанот, но од МВР соопштија дека немаат законски основ да го сторат тоа.