Полицаец добил камен во лице на протестот за одбрана на името

1047

Полицаец кој го обезбедувал седиштето на ЕУ во Скопје вечар бил повреден со камен од лице кое присуствувало на протестот организиран од Светски македонски конгрес и Македонските заедници во Европа. Кај едно лице биле пронајдени молотови коктели, а запалени биле и знамињата на Грција и Албанија.

Како што соопштија од МВР, за време на вчерашниот протест кој започна во 18 часот пред седиштето на ЕУ во Скопје, а продолжи пред Собранието, при пристигнувањето на граѓаните, од страна на неколку лица биле фрлани камења кон зградата на ЕУ- Инфо Центар, при што со еден камен е погоден полициски службеник во пределот на левата надколеница.

При преземање мерки и активности, во паркот Жена борец во Скопје биле пронајдени пет шишиња со запалива течност, а во врска со настанот бил приведен К.Г.(24) од Скопје. По извршениот разговор, К.Г. е задржан во полициска станица. За време на протестот, пред Собранието, од страна на неколку непознати лица биле запалени знамињата на Република Грција и Република Албанија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...