Поликлиниката „Букурешт“ доби струја, функционира со полн капацитет

Закажаните прегледи преку „Мој термин“ продолжуваат редовно да се реализираат во поликлиниката.

302

Дефектот на трафостаницата, односно нисконапонскиот кабел кој ја поврзува поликлиника „Букурешт“ со истата е саниран во најкраток можен рок и објектот на поликлиниката има непречено снабдување со електрична енергија, соопшти Здравствен дом на Скопје.

Закажаните прегледи преку „Мој термин“ продолжуваат редовно да се реализираат во поликлиниката.

– Брзата помош функционира без никакви проблеми, вакцините, инсулините и лабораториските реагенси се повторно на безбедно вратени во ладилниците во поликлиниката Букурешт. Вакцинацијата, снабдувањето со инсулини, лабораториските испитувања и комисиската оцената на боледувањата ќе се одвиваат непречено – изјави Злате Мехмедовиќ, директор на Здравствен дом на Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...