Околу 500 лица присуствуваа на приватниот погреб на светски познатиот научник Стивен Хокинг.
Погребната церемонија се одржа во англискиот универзитетски град Кембриџ, каде научникот почина на 14 март на 76-годишна возраст.
Меѓу присутните беше и актерот Еди Редмејн, кој го играше Хокинг во филмот „Теорија на се“ од 2014 година.
На погребот говореше и астрономот Мартин Рис. Ѕвоното во црквата отчука 76 пати.