Подмладениот Вардар поразен од Силекс

165
Екипата на Вардар попладнево доживеа пораз на „Филип Втори“ против Силекс со 2:3 (1:3), во меч од 22-то коло од Првата македонска фудбалска лига. Поради бојкот кон ФФМ за одлуката да не ја казни Шкендија за прекршувањето на правилото за младински фудбалер, „црвено-црните“ денеска настапија со младински состав.
Вардар со овој пораз и дефинитивно ја изгуби борбата за титулата, во која сега заостанува 14 бода, по вчерашниот триумф на Шкендија.
Домаќините поведоа со гол на Попзлатанов уште во втората минута од 25 метри, кој искористи една грешка на одбраната на Силекс.
Гостите во 21-та минута прво израмнија преку Глигор Глигоров со глава, а 14 минути подоцна Тимов беше прецизен за комплетен пресврт и водство на Силекс.
Пред самиот крај на полувремето Реџепицси постигна автогол за удобна предност од 3:1.
Вардарци не се предаваа и се обидуваа да се вратат во натпреварот, а тоа се случи во 84 минута кога по центаршут на Антовски, Попзлатанов погоди уште еднаш за 2:3 со што го постави конечниот резултат.
Резултати од денешните дуели од 22-то коло во ПМФЛ:
Академија Пандев – Ренова 1:1
Вардар – Силекс 2:3
Пелистер – Скопје 0:0
Шкупи – Работнички 1:1
Вчера:
Шкендија – Победа 3:0
Табела:
1. Шкендија
2. Вардар
3. Силекс
4. Работнички
5. Шкупи
6. Академија Пандев
7. Ренова
8. Пелистер
9. Победа
10. Скопје.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...