Три барања на автентични толкувања и две одлуки – за давање согласност за измени на Статутот на Комисијата за хартии од вредност и на Статутот на Универзитетот „Мајка Тереза, беа усвоени на денешното продолжение на 27. собраниска седница.
Пратениците потоа усвоија и една точка од дневниот ред на осмата седница чие продолжение, како што рече спикерот Талат Џафери, ќе биде дополнително закажано.
Џафери ја отвори и 40 седница на која има околу 60 точки, соопштувајќи дека неколку од предлог-одлуките на дневниот ред се повлечени.
Пратениците претходно, во рамки на 38. седница, поддржаа околу 40 предлог-закони во прво читање.