Б.М. (53) од Богданци е пронајден починат вчера на возачко место во кабина на цистерна „волво“ на магистралниот пат Делчево – граничен премин Делчево.
Како што соопшти МВР, од увидот е констатирано дека Б.М. добил срцев удар, по што, возилото со кое управувал, почнало да се враќа назад. Задниот дел на цистерната поминал на левата коловозна лента, свртувајќи се во обратен правец.
На патот и патната сигнализација нема никакво оштетување.
Телото на починатиот било предадено на семејството.