Легендарниот шпански фудбалер Енрике Катро Квини почина денеска на 68 годишна возраст по срцев удар, објави „Марка“.
Според информациите во шпанскиот весник, поранешниот голгетер на Спортинг Хихон и Барселона паднал близу до неговиот дом во Хихон, а Итната помош помошта неуспешно се обидела да го реанимира.
Квини играше за Спортинг 15 години и пет пати беше најдобар стрелец на шпанското првенство.
За Барселона одигра четири сезони.