Владата на попладневната седница донела одлука за формирање на Управен одбор на Проектот – Самовработување со кредитирање и Проектот кредитирање на правни субјекти, односно микро и мали претпријатија за отворање на нови работни места.
„Во рамки на Проектот кредитирање на правни субјекти за отворање на нови работни места постои можност за правните субјекти кои ќе вработат млади лица до 29 години да се одобруваат по 4.000 евра за едно новоотворено работно место, со максимален износ до 12.000 евра за вработување на 3 невработени млади лица до 29 години“, се наведува во соопштението од Владата.