Шеесет и седум годишен скопјанец вчера во 13 часот пријавил дека во населба Ѓорче Петров на улица Новопроектирана, на околу 5-6 метри од патот, пронашол огнено оружје пиштол.
Од МВР соопштија дека полицијата излегла на местото на настанот, при што утврдила дека станува збор за пиштол марка „Берета“.
Оружјето е подигнато за понатамошна постапка, информира МВР.