Петар Богојески, заменик генерален секретар на ВМРО – ДПМНЕ кој престојува во Брисел вели дека во фокусот на разговорите што ќе ги има со претставници на ЕУ е европската агенда на Република Македонија и предизвиците со кои се соочува државата во чекорењето по патот кон евроинтеграцијата.
– Денес, заедно со Драган Лазаров од ВМРО ДПМНЕ, имаме средби во Брисел со претставници на Европската Унија и учество на настан во организација на Европската народна партија. Во фокус на разговорите е европската агенда на Република Македонија, можности и предизвици. Конструктивната улога на ВМРО – ДПМНЕ во процесот на реформи на македонското општество е државнички чекор и фактор кој ги мотивира и реформите на самата партија. Пред нас се многу предизвици, но европската агенда е без алтернатива за Република Македонија, на која треба да се посвети повеќе време и енергија – вели Богојески.