Целта е да се обезбеди независност на партиите.
Партиите ќе се финансираат од државниот буџет, од каде за оваа намена треба да се издвојат неколку милиони евра, согласно постигнатите изборни резултати.
Ова го изјави премиерот Зоран Заев по вечерашната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
– Целта на финансирањето на политичките партии е измена која ќе ги направи буквално отпорни на политички влијанија, преку донациите, преку помагања од секаков вид- рече Заев.
Според него треба да се обезбеди поголема независност на партиите.
-Членарините и донациите и останатите приходи како што се кредитите или други приходи треба да останат. Ги има секаде во светот. Но, иако останат тоа значи дека политичките партии сè помалку ќе ги употребуваат кога ќе имаат една ваква независност – рече Заев.
Заев, како што рече, очекува консензус и од останатите политички партии и граѓаните.