Северната територија беше последниот регион во земјата кој одолеваше, се до неделава. Пратениците усвоија амандман на Законот за посвојување деца, што значи дека истополовите двојки сега ќе можат законски да посвојат деца.
Одлуката доаѓа откако федералниот парламент ги следеше желбите на регионите – изразени во проценти од 62 до 38, за легализација на истополовите бракови.
Министерот за семејство на Северната Територија, Дејл Вејкфилд, рече дека промената во легислативата ќе биде добра и за паровите од ист пол и за децата.
– Сите парови, без оглед на брачниот статус или пол, кои искрено сакаат да им обезбедат на децата љубов, грижа и безбеден дом, имаат законско право да аплицираат – изјави Вејкфилд.
Сели Котон, член на ЛГБТ групата “Виножито”, ги поздрави извонредните амандмани.
– „Виножито“ силно ги поддржува денешните измени на Законот за посвојување деца. Ова е важна реформа на законот – рече таа.
Потегот на Северната Територија доаѓа откако Австралија ја продолжи битката за еднаквост.