Парите за фонтани и скулптури пренаменети за долгови за катни гаражи

850

Владата на денешната седница донесе одлука за пренамена на средства во висина од 83,5 милиони денари за плаќање доспеани обврски за изградба на мостови и катна гаража, како и за изградба и реконструкција на друга инфраструктура во општина Центар, кои претходно биле наменети  за изградба на фонтани, спомен обележја, летниковец, колонада, постаменти за споменици и скулптури.

„Оваа одлука е донесена врз основа на барањето на Општина Центар за пренамена на преостанатите 83,5 милиони денари, од вкупните 3,5 милијарди денари предвидени за изградба на фонтани, спомен обележја, летниковец, колонада, постаменти за споменици и скулптури. Општина Центар побара да се изврши измена и дополнување на намената на одобрените, а неискористени средства од Буџетот на Република Македонија и истите да бидат наменети и за плаќање на доспеани обврски за изградба на мостови и катна гаража, како и за изградба и реконструкција на друга инфраструктура согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на Општина Центар Скопје“, соопшти владината прес-служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...