Пакистан забрани медиумска промоција за Денот на вљубените

88
Men inflate heart shaped balloons ahead of Valentine's day in Peshawar, Pakistan February 7, 2018. REUTERS/Fayaz Aziz

Верско-политичките активисти и екстремните партии таквото однесување го сметаат за неморално.

Пакистанското регулаторно тело за електронски медиуми ги предупреди радијата и телевизиите да не следат никакви случувања поврзани со Денот на вљубените.

Забраната првпат беше воведена минатата година  откако Високиот суд во Иламабад го прогласи за културен увоз од Западот и против исламското учење.

Многу млади во Пакистан, земја со огромно муслиманско мнозинство во која 60 отсто од населението е помладо од 39 години, во изминатите години ја прифатија традицијата, дарувајќи цвеќе, срца и слатки на 14 февруари.

Верско-политичките активисти и екстремните партии таквото однесување го сметаат за неморално.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...