Пахор најави самит во Скопје на челници од регионот

Пахор најави самит во Скопје на држави од ЈИЕ во форматот Брдо-Бриони за помалку од еден месец.

694

Словенечкиот претседател Борут Пахор денеска во разговор со бугарскиот колега Румен Радев најави самит на челници на држави од ЈИЕ во формат Брдо-Бриони.

Пахор најави самит во Скопје на држави од ЈИЕ во форматот Брдо-Бриони за помалку од еден месец.

Според словенечки медиуми, Пахор при посетата на Софија, го поздравил самитот за иднината на држави од Западен Балкан што ќе се одржи во крајот на претседавањето на Софија со ЕУ.

Пахор рекол дека Словенија и Хрватска како иницијатори на процесот Брдо-Бриони за помалку од еден месец заедно со Македонија ќе организираат таков собир во Скопје.

„Тоа ќе биде „еден од важните“ состаноци кои досега се остварени во согласност со иницијативата покрената пред повеќе години од Словенија и Хрватска со цел економска и политичка стабилизација на регионот“, јавија словенечки медиуми.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...