Овчарот Џемаили: Груевски, Мијалков и Маневски ме уценуваа да сведочам лажно против Бучковски

4247

Не прифатив да бидам заштитен сведок и затоа се ми земаа и ме осудија на затвор во траење од 4,5 години. Јавно ќе кажам дека притисоците беа од Никола Груевски, Сашо Мијлаков и Михајло Маневски, изјави денеска најпознатиот овчар Иснифарис Џемаили осуден во случајот наречен „Бачило“.

– Кога овие луѓе дојдоа на власт побараа од мене да сведочам против 18 судии, тројца обвинители и против Владо Бучковски. Ми кажаа дека наместо 22-јца, со мене ќе бидат 23 обинети. На доживотна затворска казна да ме осудат јас нема никогаш лажно да сведочам – рече Џемаили.

Тој ова го кажа на трибината организирана од здружението „Зелена лупа“ и од „Комитетот за заштита на правата“.

Освен него, судските голготи ги кажаа уште неколкумина осудени, во како што велат, судски монтирани процеси. Од говорницата се слушаа тешки обвинувања за судството судот и судиите.

Според некогашниот судија во велешкиот суд Валентин Зафиров кој беше осуден во случајот наречен „Ликвидација“, новата власт ги оставила судиите мирано да работат, но посочи дека дека тие се научени да работат под притисок и затоа не знаат како да се однесуваат, но знаат дека дека не треба да се напаѓааат.

– Судеа луѓе на ефективен затвор за украдени 100 ќебапчиња, а сега истите тие судии за затаен данок од 50.000 евра даваат условни казни – изјави екс-судијата Зафиров.

Зафиров оцени дека здруженијата ќе ги истуркаат поведените иницијативи, како што тоа го направиле со Законот за амнестија, но во исто време ќе инсистира на седница на Врховниот суд, на која ќе треба да има вонредно преиспитувње на пресудите донесени за случајот наречен „Ликвидација“.

Говореше и Бранко Давитковски осуден во случајот “Калдрма”. Според него, кога го суделе, полицајците го замолиле да му стават „лисици“, бидејќи имало телевизиски камери и дека требало да биде снимен.

– Јас сум осуден, како што викаа Латас и Ивона, во „најполитчкиот процес“, во јавноста познат како ‘Калдрма’. За три евра, кои не сум ги ни земал, ме осудија на четири години и еден месец затвор. Каде тие двајца видоа политика не знам, но затоа не пропуштаа да кажат дека за нас, 86-мина обвинети, дека судот изрекол казни затвор повеќе од 500 години – рече Давитковски

Според ортопедот Тодор Пиперковски осуден во случајот „Метастаза“, немало дилеми дека во тоа време постоела спрега: полиција- Обвинителство-суд .

– Бевме 34 лекари. За да не следат, со примена на таканаречни посебни истражни мерки, државата потрошила 225.000 евра. Обезбедиле заштитен сведок за кој што подоцна разбравме дека е лице кое требало да биде осудено – изјави Пиперковски.

Според организаторите на настанот Здружението „Зелена лупа“ и на „Комитетот за заштита на правата на жртвите на правосудниот систем“, идејата е на трибината насловена како „Сите заедно по патот на правдата“ јавно да се проговори за поднесените иницијативи до сега веќе распуштениот Совет за утврдување на факти, за можноста за поднесување на иницијативи до Судски совет на РМ и за користење на постоечките законски механизми за повторување на одредени постапки кои влегуваат во категоријата на политички монтирани процеси.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...