Заев: Давам поддршка за место за жената во општеството! (ВИДЕО)

859

Под мотото: „Заедно можеме! Со љубов за Македонија!“ Форумот на жени на СДСМ денеска во Куманово го организирашe традиционалниот марш во чест на 8 Март.

Повеќе илјади жени од сите градови на Македонија учествуваа на маршот кој почна од улица Октомвриска револуција преку улица Иво Лола Рибар до градскиот плоштад на кој им се обратија претставници од високото партиско раководство од СДСМ кои порачаа дека се залагаат за еднакви можности и дека постојано работат на унапредување на статусот на жената преку конкретни мерки и политики.

На присутните им се обрати претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, кој рече дека се собрани од разни краеви, но дека се разбираат со јазикот на социјалдемократијата, јазик на жените Македонки, Албанки, Ромки, Србинки, Турчинки, Ромки, јазикот со кој се кренал гласот на социјалдемократктите Клара Цеткин, Роза Луксембург и нивните истомисленички кои се бореле за женските права. Потсети дека претходните години и во останатите градови се одржал осмомартовскиот марш.

– Во Куманово, решени сме да да ја продолжиме борбата која ќе трае се до исполнување на барањата со цел жените да ги добијат сите права кои ги заслужуваат – рече Заев.

Потсети на борбеното минато на Куманово и на споменикот на борбената жена на која можат да се угледаат сите жени.

– Овде сме да кажеме да за жената, да кажеме да за статусот на жената во општеството и заедницата што таа го заслужува, да кажеме да за рамноправоста и да за нејзините општествени, граѓански социјални и политички права – истакна Заев

Тој додаде дека кажуваат не за обесправеноста, не за насилството во семејството на работните места, не за сексуалните напади, за неадекавтниот третман на жената на општеството и дека и жените и мажот имаат иментител – човек и нагласи дека секој заслужува достоинство.

Заев зборуваше и за актуелните состојби за признанијата, пофалбите и критиките. Според него, времињата на политичарите деспоти мора да заминат во заборавот.

Потенцира дека државата ја затекнале како земја која згаснувала по сите можни прашања и дека се уште се справуваат со рецидивите од минатото. Граѓаните вели чувствуваат дека работите доаѓаат на свое место, но дека има критики и од опозицијата и од довчерашните поддржувачи.

– Но, она што сигурно го знам е дека сите наскоро ќе се уверат е дека Македонија оди по вистинскиот пат, рече Заев.

Осврнувајќи се на името, Заев посочи дека порано само на митинзите се слушало името не го даваме, а дека тајно се договарала промена, дека се договарала тајно поголема употреба на јазиците со дефокусирање на јавноста.

– Тоа ли го сакате или јавно и отворено да ви се кажуваат намерите на Владата и што ќе реализира. Време е да ги промениме нештата кај нас и во целиот регион. Време е да се фати возот кон светот што напредува.Време е за големи чекори и храбри потфати кои ќе не избават од мрачното минато и ќе не придвижат кон светлата иднина. Македонија треба да се сака со срце и ум и така далеку се стигнува – истакна Заев.

Нагласи дека заедно сите и жени и мажи и различни етнички заедници создадоа едно општество за сите. Жените се потребни за сите отворени процеси кои се отворени. Заев рече дека предрасудите во минатото, оставиле многу жени без ангажман и време е жената да го добие заслуженото место во Македонија.

– Охрабрувам, поттикнувам, барам направете место за жената во оштеството – додаде Заев.

Пред присутните се обрати и министерката за одбрана и заменик -претседател во СДСМ, Радмила Шеќеринска која рече дека зад нас се годините во кои систематски се кршеле правата на жените. Додаде дека оваа Влада постепено ги враќа правата на жената преку промени кои секој ден се случуваат и влијаат врз жените. Македонија, рече, ја ратификуваше Истанбулската конвенција која претходно била заборавена.

– Ова е почеток со кој ќе покажеме резултати. Не е случајно тоа што првите ветувања влијаат врз животот на жените – рече Шеќеринска и потсети на носењето на Законот со кој се исправи правдата кон стечајците и донесе мир кај жените, зголемувањето на минималната плата, укинувањето на радиодифузната такса, воведување на ефтина тарифа. Според неа, со сето тоа им се помага на семејствата и на жените.

Додаде дека промената во учебниците и наставните програми чија цел е да прекинат стереотпитите ја прави жена министерка, и дека не е случајно што министерка обезбедува повеќе воспитувачки и места за деца во градинките и потсети на успехот на градоначалничките од СДСМ и на зголемувањето на платите во армијата.

Нагласи дека има се уште предизвици и дека е тоа е мал дел од она што ќе следи. Потенцираше дека не е едноставно да се поправат нештата кои десет години системски биле уништувани. Таа им се заблагодари на жените за поддршката и за трпението.

– Се обврзуваме и денес дека ќе продолжиме да ја менуваме Македонија, да биде држава на еднакви граѓани, држава, општество за сите за еднакви права и шанси, рече Шеќеринска и нагласи дека ќе продолжат да ги поддржуваат жените и секоја да ја добие шанста која ја заслужува, а Макеоднија да биде подобро место за сите.

На маршот се обратија генералниот секретар на партијата Александар Кирацовски и коррдинаторката на Форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова кои потсетија на преземените мерки за унапредување на положбата на жената во државата.

Маршот се организира шестта години по ред, во различни градови низ Македонија, а на него маршираат илјадници жени од Републиката за обнова и развој на правата на жените.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...