Османи: Очекуваме чиста препорака за почеток на преговори за члентсво во ЕУ

148

Валоризација на целиот досегашен труд и чиста препорака за почеток на преговори за полноправно членство, очекува вицепремиерот Бујар Османи од претстојниот Извештај на Европската комисија (ЕК).

Според него, Извештајот што ЕК ќе го објави на 17 април, претставува и финале на Планот 3 – 6 – 9.

Османи во денешното неделно обраќање преку својот фејсбук профил, обраќајќи се на македонски јазик, рече и дека со нетрпение ја очекува примената на новиот Закон за употреба на јазиците, не само поради фактот што се работи за очигледна придобивка на Албанците, туку и поради тоа што со Законот, како што истакна, ќе се демантираат сите закани и заплашувања кои се појавија изминатиот период.

Под обраќањето на вицепремиерот, оди титл на албански јазик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...