Осака: Само сакав Серена да ме запомни

707
EPA/ERIK S. LESSER

Јапонската тенисерка Наоми Осака истакна дека поради Серена Вилијамс почнала да игра тенис и дека дуелот и победата над Американката е остварување на нејзиниот сон.

Шампионката од Индијан Велс ја совлада една од најдобрите тенисерки на сите времиња во првото коло од Мастерсот во Мајами.

– Поради неа се одлучив да играм тенис, така што ова е остварување на мојот сон. На неа се огледувам и често се прашувам што Серена би направила. Само  сакав Серена по натпреварот да знае која сум јас – истакна јапонската тенисерка.

Таа не го криеше одушевувањето и додаде дека Серена по натпреварот на мрежата и рекла дека „завршила добра работа“.

– Се надевам дека ќе продолжам со добрите игри и во Мајами и зошто да не освојам уште еден Мастерс трофеј – нагласи 20-годишната Јапонка.

Осака оваа сезона игра во одлична форма и има само четири порази, а во второто коло во Мајами ќе се соочи со четвртата носителка Украинката Јелена Свитолина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...