ООН дозволи севернокорејска делегација да отпатува на ЗОИ во Јужна Кореја

86
Flags of member nations flying at United Nations Headquarters. 30/Dec/2005. UN Photo/Joao Araujo Pinto. www.unmultimedia.org/photo/

Комитетот на Советот за безбедност на ОН одобри делегација на Серврна Кореја да отпатува на отворањето на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја.

Потребата од одобрение произлегуваше оттаму што во состав на делегацијата е и севернокорејскиот функционер Чoе Хуи, кој е под санкции од ОН.

Комитетот, по барање на Јужна Кореја, привремено го исклучи Чoе од списокот на лица кои се под санкции, а со цел да отпатува на отворањето на ЗОИ.

Севернокорејската делегација се очекува да пристигне денеска и да остане во Јужна Кореја до недела.

Сеул наведува дека посетата ќе послужи како можност за намалување на тензиите на Корејскиот Полуостров.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...