Египет почна антитерористичка операција во Синај

89

Претседателот Абдел Фатах ал Сиси дал рок од три месеци за задушување на исламистичкиот бунт што трае со години, јави АФП

Египет почна операција за борба против терористички и кримимални организации на полуостровот Синај, во некои реони на делтата на Нил и во Западната пустина.

Египетските армија и полицјата објавија максимален степен на тревога во тие региони.

Претседателот Абдел Фатах ал Сиси дал рок од три месеци за задушување на исламистичкиот бунт што трае со години, јави АФП.

– Силите за безбедност денеска почнаа да реализираат план за конфронтација со терористички и криминални елементи и организации, наведе портпарол на армијата во соопштение објавено на државната телевизија.

Населението е повикано целосно да соработува со силите за безбедност.

Египетските сили со години се борат со бунт на ИД во провинцијата Северен Синај, каде загинаа стотици војници и поицјаци. Во изминатата година екстремистите почнаа да напаѓаат и цивили.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...