Оние што смеат и оние што не можат да зборуваат за демократија

Има уште многу во  овој стил (негативно) „кои...”… Реформските зафати на ЖИВОТОТ со секој свој нов успешен зафат би требало да ја намалуваат оваа количина на (негативно) „кои...”…

548

Принципиелно, во Република Македонија, како декларирана демократска држава,  секој СМЕЕ да зборува за демократија. Но во Република Македонија секој НЕ МОЖЕ да зборува за демократија. Без разлика дали тој некој седи во предните клупи на демократски избраниот Парламент, ако негова препознатлива заслуга е гушење на демократијата за сметка на автократизмот.

Според јавноста во државава за демократија МОЖАТ да зборуваат луѓе кои во својот животен и професионален ангажман докажале дека поседуваат вроден интелектуален и демократски капацитет, хуманост, отвореност кон прогресивното и цивилизациското, чувство за правење добрина, искрена љубов кон сопствените граѓани, и слични ЧОВЕЧКИ квалитети…

Јавноста во Република Македонија, ставовите за демократија на оние што НЕ МОЖАТ да зборуваат за неа, ги доживува како своевидна тирада, празно ехо од (во) темнина, обид за манипулација со избирачите. То е она „залагање” за демократија на луѓе-функционери или јавни личности кои:

  • Кои упорно стојат на позициите на „измите” спротивни на цивилизациските вредности (национализам, фашизам, примитивизам, и слично)
  • Кои во македонската „деценија на стравот и диктатурата” заземаа видни позиции во груевистичката политичка клика.
  • Кои стоеја на чело на озлогласени злосторнички институции чија задача беше да се пресметуваат со креативните мислечки луѓе и нив да ги оцрнуваат (за нивна жал сепак – неуспешно) пред заедницата. На пример, таканаречениот Центар за комуникации на ВМРО ДПМНЕ и слични на него.
  • Кои беа креатори на политика што ја „красеа” антиинтелектуализам, прогон на сите оние што се осудиле воопшто да мислат, или, не дај Боже, што мислат спротивно на званичната фашисоидна идеологија и политичка практика.
  • Кои ја аминуваа (и ја потхрануваа, штитеа, но и методолошки и практично со сопствено учество во нејзиното функционирање ја иновираа) инквизицијата во земјава.
  • Кои сметаа дека македонскиот патриотизам сеуште се сведува на заклетва врз ножот и камата – „смрт или слобода“, а не врз придонесот на секој поединец во развојот на земјата и нејзино успешно инволвирање во светските цивилизациски текови, со што може да се потврдува и осветлува нејзиниот идентитет во меѓународната заедница на успешни модерни држави.
  • Кои за врв на политиката на „внатрешната македонска револуционерна борба” ги сметаа методите на Ќосето и неговата кама.
  • Кои во политиката влегуваа под притисок на своите фрустрации, комплекси и лично богатење, а не заради возвишеното чувство да се даде свој ангажман во просперитетот на татковината, но и регионот, па и светот во целин.
  • Кои беспоговорно (сервилно) ги аминуваа сите потези на „Вождот од Белата кула”
  • Кои поседуваа енормна количина „мерак по пари… по многу пари”, што е нивно единствено кредо.
  • Кои стануваа „гласни демократи” по исчезнувањето на диктаторот, но своите „демократски” ставови сега ги насочуваат кон опозицијата (и нејзината власт), а не и кон диктаторскиот режим во чие функционирање и опстојување имаа запазено учество.
  • Кои граѓаните ги гледаа како изборни гласови, а нивните човечки судбини им значеа колку парче стара хартија.
  • Кои активно учествуваа во разорувањето на земјата, како и во фалсификување на изборната волја на граѓаните.
  • Кои, за волја на вистината, со своите постапки за долги времиња и генерации си ги стигматизираа презимињата, и станаа персонификација на злото во македонскиот социум.
  • Кои сеуште се плашат да проговорат (а камо ли да ги осудат) за злоделата на диктатурата на Никола Груевски (се однесуваат во стилот – нисам одавде).

Има уште многу во  овој стил (негативно) „кои…”… Реформските зафати на ЖИВОТОТ со секој свој нов успешен зафат би требало да ја намалуваат оваа количина на (негативно) „кои…”… Тоа би бил дел  од претпоставената и очекувана од граѓаните подршка, но и историска заслуга на ЖИВОТОТ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...