ОН ја потврди средбата на Нимиц, Димитров и Коѕијас во Виена на 30 март

Средбата е дел од напорите на ОН за посредување меѓу двете земји за наоѓање заедничко прифатливо решение за прашањето за името, се наведува во кусото соопштение од прес-службата на ОН.

189

Прес – службата на ОН поладнево ја потврди информацијата што претходно ја објавија македонското и грчкото МНР дека шефовите на дипломатиите на двете земји Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе имаат средба со медијаторот Метју Нимиц на 30 март во Виена.

„Метју Нимиц, специјалниот претставник на Генералниот секретар ќе има заедничка средба со Никос Коѕијас, министер за надворешни работи на Република Грција и Никола Димитров, министер за надворешни работи на поранешната Југословенска Република Македонија на 30 март во Виена. Средбата е дел од напорите на ОН за посредување меѓу двете земји за наоѓање заедничко прифатливо решение за прашањето за името“, се наведува во кусото соопштение од прес-службата на ОН.

Димитров и Коѕијас, пред новата рунда разговори со Нимиц, ќе имаат билатерална средба во Скопје во четврток кога грчкиот министер за надворешни работи ќе дојде во официјална посета на Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...