Омразата што не разјадува

934
Досега нема ниту една осуда од ОМД на варварскиот чин на палење на фотографијата за Премиерот на РМ. Новонаименуваниот владин претставник за инвестиции Глигор Ташковиќ е член на Советничкиот борд на ОМД која е координатор на овие протести. Нема реакција на осуда ниту од него.
Дел од многубројната македонска дијаспора низ светот демонстрираше низ повеќе градови за она што тие подразбираат зачувување на националното име. Правото на протест е демократска придобивка на секој поединец и се негува во цивилизирани општества. Изразите на омраза не се и како такви се отфрлаат и се осудуваат.
Координатор на протестите и движењето #WeAreMacedonia  е Обединетата Македонска Дијаспора.
Досега нема ниту една осуда од ОМД на варварскиот чин на палење на фотографијата за Премиерот на РМ во текот на овие протести.
Новонаименуваниот владин претставник за инвестиции Глигор Ташковиќ е член на Советничкиот борд на ОМД која е координатор на овие протести. Нема реакција на осуда ниту од него.
Толку за цивилизираноста, за демократијата, за пристојноста!
Денеска се чувствувам поразено!
И од текот на овие протести!
И од некои реакции во Македонија на овие протести.
Потсмевањето со личните имиња на Македонците низ светот кои и по неколку генерации родени во странство сепак го зачувале македонскиот идентитет и култура. Какви се нивните видувања на она што е име и решение за името, е друго прашање и како такво вреди да се разгледува и коментира. Но лични имиња? Ве молам! Каков е овој нов “македонистички” национализам?
Што ќе им кажете тогаш на сите други граѓани кои живеат во Македонија а имаат “немакедонски” имиња? На сите Елеонори, Муареми, Едмонди, Алии, Неџати, Саветки, Росици …па ако сакате и на сите “Зорани”? Имате листа на одобрени и прифатливи “македонски” имиња?
Омразата е длабока во македонското ткиво и тоа е она што не разјадува и разединува. Таа омраза што онака суптилно се поттикнува, се негува и чува како огинче што ќе бликне да запали фото, знаме, наше или туѓо, сеедно. Затоа да се погледнеме себе си пред да се свртиме да ги осудуваме другите.
(Фејсбук статус на Елеонора Каранфиловска Ратклиф)
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...