ОЈО: Таткото во самоодбрана го нападнал синот со нож

147

Според првичните сознанија на Основното јавно обвинителство Кочани, синоќа во село Теранци, по семејна расправија татко во самоодбрана со нож нападнал својот 38-годишен син.

Од Обвинителството велат дека на нападот претходела расправија, која веќе подолго време во континуитет се одвивала во семејниот дом. Според првичните сознанија, таткото на возраст од 78 години, во самоодбрана со нож го нападнал синот на возраст од 38 години и при тоа му нанел две убодни рани.

Сторителот е лишен од слобода и се наоѓа во Полициската станица во Кочани, а повредениот е однесен во Хируршкото одделение во Кочани каде му е пружена медицинска помош.

Обвинителството по преземање на првичните мерки во координација со екипа од МВР утврдило дека сторителот бил под дејство на алкохол, со 0,54 промили алкохол во крвта. Издадени се и наредби за проверка на крвта и на повредениот поради постоење на индиции дека и тој бил во алкохолизирана состојба кога се случил настанот.

Со цел да се утврдат фактите во предметот, надлежниот јавен обвинител издал наредби за обезбедување и прибирање на траги од местото на настанот. Подигнат е и ножот со кој веројатно е извршен нападот и истиот е даден на натамошно вештачење., се наведува во соопштението од обвинителството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...