Охридско Езеро е на 11 см под максималната кота

АД ЕЛЕМ вложува максимални напори со зголемување на производство на електрична енергија да го забави растот на котата.

587
20130124 Thursday 1014 ohrid zima ezero ladno vreme stud sneg

Според хидролошката информација издадена од управата за Хидро-метеоролошки работи, нивото на Охридското Езеро денеска изнесува 693.64 мнв (метри надморска височина), односно е на 11 см под максималната кота од 693.75 мнв.

Со водостопанска дозвола издадена од МЗЖСПП од 24.11.2017 за користење на водата на излез на реката Црн Дрим од Охридското езеро, пропишано е дека АД ЕЛЕМ за производство на електрична енергија може да ја користи водата помеѓу минималната и максималната кота на Охридското Езеро, од 693.10 до 693.75 мнв, освен во исклучителни случаи при појава на големи води, кога максималната кота може да биде 694мнв.

Со оглед на тоа што 2018 година е година на големи води, АД ЕЛЕМ вложува максимални напори со зголемување на производство на електрична енергија да го забави растот на котата. Планот за максимално производство се реализира од пред два месеца, а ќе продолжи и во периодот од следните неколку месеци, додека котата не се стабилизира под номиналната максимална вредност од 693.75.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...