Последиците од големото невреме што неодамна го зафати Охрид, се далеку поголеми од она што првобитно се проценуваше. Штети не претрпеа само жителите и угостителите од првата крајезерска линија, туку и оние подалеку од крајбрежјето.
Поплавени се многу подрумски простории во колективни згради и индивидуални објекти, а невремето направи штети и врз канализацискиот систем. Комуналците секој ден се на терен и ги отстрануваат последиците од невремето. Денеска беа на главната сообраќајница – Туристичкиот булевар, каде се направени овие фотографии.