Официјална промоција на новата партија „Граѓанско демократска унија“

1108

Денеска официјално ќе биде формирана политичката партија Граѓанско демократска унија (ГДУ).

Според најавите, на чело на ГДУ ќе биде Петар Колев, поранешен член на бугарското ВМРО-БНД и претседател на здружението за Македонско-Бугарско пријателство. Во извршниот комитет на партијата ќе се најде и поранешниот претседател на ВМРО-НП, Ѓорги Трендафилов.

Новата политичка партија ќе биде официјално промовирана денеска во 13 часот. Промоцијата на инцијативата за формирање на „Граѓанско демократската унија“ се одржа на 06 декември минатата година, каде што беа образложени принципите на кои ќе се базира понатамошното политичко дејствување на ГДУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...